Објавено на:

Бајден бара од Конгресот уште 33 милијарди долари за Украина

t

Џо Бајден бара од Конгресот да одобри дополнителна воена помош од 20 милијарди долари за Украина, со што значително ќе се зголеми придонесот на САД во борбата против руската окупација.

Бајден, исто така, ќе побара 8,5 милијарди долари економска помош за Киев и 3 милијарди долари хуманитарна помош, како и средства за зголемување на американското производство на прехранбени култури и стратешки минерали за да се неутрализира влијанието на војната во Украина врз глобалните резерви.

Вкупното барање на Бајден за дополнителни трошоци е 33 милијарди долари.

„Она што сакам да му го разјаснам на Конгресот и на американскиот народ е ова: цената на неуспехот да се спротивстави на насилната агресија во Европа отсекогаш била повисока од цената на цврстото спротивставување на таквите напади“, заклучи претседателот на САД.

Одговарајќи на коментарите на Русија за можноста украинската војна да ескалира во нуклеарен конфликт доколку Западот продолжи да го поддржува Киев, американскиот претседател Џо Бајден рече дека тоа е „одраз на неуспехот на Русија“.

Тој рече дека руските коментари го загрижуваат „затоа што покажуваат очај, но додаде дека“ никој не треба да дава празни коментари за употребата на нуклеарно оружје“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петмина осомничени за насилна промена на власта…

На предлог на Вишото јавно обвинителство во…

Европскиот совет одобри приклучување на Бугарија кон…

„Европскиот совет го поздравува исполнувањето на критериумите…

Русија осуди фотограф на 16 години затвор…

Руски суд во четврток соопшти дека го…

Денеска се празнува Светиот пророк Елисеј

Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ…

Метео: „Пекол“ со 39 степени претпладне, попладне…

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…