Објавено на:

Бајден: САД нема да дозволат Русија да ги заплашува европските земји за гасот

t

Американскиот претседател Џо Бајден се огласи откако беше прекината испораката на гас за Полска и Бугарија.

– САД нема да дозволат Москва да ги „заплашува“ европските земји со закана дека ќе ги лиши од снабдувањето со енергија. Нема да дозволиме да ги користат своите резерви на нафта или гас за да ги избегнат последиците од нивната агресија „во Украина“, рече претседателот Бајден.

„Работиме со други земји како Кореја, Јапонија и Катар за да им помогнеме на нашите европски сојузници на кои им се заканува уцена со руски гас“, додаде тој.

Во средата рускиот гигант Газпром ги прекина сите испораки на гас за Бугарија и Полска, членки на Европската унија и НАТО, со закана од недостиг во Централна и Источна Европа, но и на целиот европски континент.

Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен изјави дека Русија на некој начин си штети самата себеси со тоа што се лишува од приходите од продажбата на гас на двете земји.

Блинкен, исто така, укажа на зголемените испораки на течен природен гас од Соединетите држави во Европа за да помогне да се компензира евентуалниот недостиг, вклучително и оние предизвикани од „уцената“ на Русија, пренесува Бета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на…

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции,…

Ерменскиот премиер најави договор со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот…

Грците бесни што Турција сака манастирот Хора…

Министерството за надворешни работи на Грција преку…

Тројца мажи се обиделе да влезат во…

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било…