Радев го нарече Гоце Делчев „апостол на слободата на македонските Бугари“
Добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Северна Македонија ќе бидат стабилни и неповратни кога историската вистина ќе нѐ обедини, напишал бугарскиот претседател Румен Радев на својата страница на Фејсбук, каде објавил дека на 4 мај ќе се одбележи годишнина од смртта на Гоце Делчев во Софија.
„На 4 мај славиме 119 години од смртта на Гоце Делчев. Националната конференција во негов спомен е израз на нашата длабока почит кон животот и делото на овој голем апостол на слободата на македонските Бугари“, додал Радев.
Националната конференција „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“ ќе се одржи на 4 мај во Националната палата на културата во Софија.
Конференцијата е во организација на Институтот за историски истражувања при Бугарската академија на науките и Македонскиот научен институт и е под покровителство на бугарскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Илиевски: По 365 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ,…
Негативна е оценката за владата на Христијан…
Виничанец измамен за 5.700 евра!
Му уплатиле пари за автомобил, па прекинал…
Министерството за култура очекува околу 1,5 милиони…
Македонија веќе бележи двоцифрен годишен пораст во…
Сосед се заканувал со пушка во Виница
На 26.06.2025 во 16.47 В.М. (61) од…
Земјотрес ја стресе Тирана
Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според…