Русите биле близу да го заробат Зеленски во првите часови од војната кога со падобранци влегоа во Киев
Украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека руските сили биле блиску да го заробат или убијат во првите часови од воената операција.
Зеленски за „Тајмс“ опишува дека руските војници биле блиску до пронаоѓање на него и неговото семејство додека се обидувале да ја заземат владината област во главниот град на првиот ден од конфликтот.
Додека многу од неговите сеќавања од тие први часови останале „фрагментирани“, Зеленски вели дека утрото на 24 февруари се издвојува.
Откако почнало бомбардирањето, тој и неговата сопруга Олена отишле да им кажат на ќерката (17) и синот (9) да се подготват за бегство од дома.
Ги разбудивме. Беше гласно. Таму имаше експлозии – се сеќава Зеленски.
Украинската армија му кажала на Зеленски дека руски ударни тимови со падобранци влегле во Киев за да го убијат или да го фатат него и неговото семејство.
Пред таа вечер такви работи гледавме само на филмови – вели за „Тајмс“ Андриј Јермак, шеф на кабинетот на Зеленски.
Околу владиниот округ имало истрели кога паднала ноќта на првиот ден од војната. Стражарите ги изгаснале светлата и донеле панцирни елеци и пушки за Зеленски и десетина негови помошници.
Еден од ретките функционери кои знаеле да користат оружје е Алексеј Арестович, ветеран на украинската воена разузнавачка служба.
Тоа беше апсолутно лудило – вели Арестович за „Тајмс“.
Руските трупи двапати се обиделе да упаднат во комплексот додека семејството на Зеленски сè уште било внатре.
Следната ноќ, откако ги одбил понудите за побезбедна средина, вклучително и евакуација од американските и британските сили што ќе му овозможело да воспостави влада во егзил, Зеленски излегол во дворот за да сними една од веќе познатите видео пораки со својот мобилен телефон.
Зеленски вели дека во тој момент навистина станал свесен за неговата улога во војната.
Разбирате дека гледаат. Вие сте симбол. Мора да се однесувате како што се однесува шефот на државата – вели Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петмина осомничени за насилна промена на власта…
На предлог на Вишото јавно обвинителство во…
Европскиот совет одобри приклучување на Бугарија кон…
„Европскиот совет го поздравува исполнувањето на критериумите…
Русија осуди фотограф на 16 години затвор…
Руски суд во четврток соопшти дека го…
Денеска се празнува Светиот пророк Елисеј
Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ…
Метео: „Пекол“ со 39 степени претпладне, попладне…
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…