Објавено на:

Се случи првата руска жртва од војната во Украина на руска територија

t

Русија го загуби својот прв војник на домашно тло од почетокот на војната со Украина, објавија локалните медиуми во четвртокот, пренесува Москва тајмс.

Воениот регрут Никита Кошелев (19) загинал кога неговата база на украинската граница била бомбардирана, изјави неговиот пријател Кирил Куликов за новинската веб-страница НН.

Роднините на Кошелев во градот Арзамас во руската област Нижни Новгород ја потврдиле неговата смрт.

Во разговорот со НН Куликов вели дека Кошелев ѝ испратил порака на својата девојка за можен прекуграничен напад. На 18 април тој наводно ѝ напишал: „Ќе нѐ бомбардираат“.

Иако властите не дадоа дополнителни детали, во официјалното известување за смртта што го добило неговото семејство се наведува дека Кошелев бил убиен во регионот Белгород, на границата со Украина.

Властите на Белгород ги обвинија украинските сили дека во последните неколку недели извеле голем број напади на руска територија, како воздушен напад врз складиште за гориво во Белгород. Киев ги негираше тврдења.

Кошелев, кој бил регрутиран во јули 2021 година, имал уште 75 дена до крајот на задолжителниот воен рок.

Руското Министерство за одбрана досега објави за смртта на 1.351 војник за време на војната во Украина, иако повеќето процени велат дека бројот на жртви е поголем.

Министерот за одбрана на Обединетото Кралство Бен Валас оваа недела изјави дека повеќе од 15.000 руски војници се убиени во Украина од почетокот на инвазијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Тоше, Кристијан преку фото-галерија му…

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште…

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

Ахмети: Касами нека го фрли белиот пешкир…

Носителот на листата во шестата изборна единица…