Путин ја прифати поканата за учество на Самитот Г20 – ќе присуствува и Зеленски?!
„Индонезија сака да ги обедини Г20. Не дозволувајте да дојде до раскол. Мирот и стабилноста се клучот за закрепнување и развој на светската економија“, се вели во изјавата на Видодо од Кабинетот на Индонезија.
Видодо, исто така, претходно оваа недела упати покана до украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој на Твитер напиша дека е „благодарен“ за поканата, но не прецизира дали ќе присуствува на самитот.
Претходно оваа недела, Видодо разговарал со Путин и Зеленски во одвоени телефонски разговори, за време на кои тој му ја пренел на Путин важноста од „итно“ завршување на војната во Украина и желбата на Индонезија да придонесе за мирно решавање на конфликтот, се вели во соопштението.
Видодо рече дека му ја пренел на Зеленски подготвеноста на Индонезија да обезбеди хуманитарна помош за Украина, но не и воена помош, што според него е забрането со уставот на Индонезија и нејзините принципи на надворешната политика, објави Си-Ен-Ен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Договорот за спречување инфекции во болниците „фати…
Македонија ризикува да загуби 100 милиони евра…
(Видео) Дарко Златев, еден од повредените во…
Дарко Златев, еден од повредените во пожарот…
МНР со апел до граѓаните да се…
МНР со апел да се избегнуваат патувања…
(Видео) Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе…
Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо…
Големите експерти во енергетика: Шест дена рек…
Откако на 18 јуни Термоблокот 2 од…