Сообраќајка на Стража, повредени неколку лица
На 29.04.2022 во 08.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај превојот „Стража“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Ж.(27) од с.Делогожда, струшко, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Ж.(49) и уште еден малолетен сопатник, двајцата од с.Делогожда, а со телесни повреди се здобил воачот констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Доцна е за разговори, никој не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „никој…
„Инженери на Македонија“: РКЕ ја штити ЕВН…
Според Здружението, РКЕ ја погазува својата основна…
Спасен со честитка за роденденот на ВМРО-ДПМНЕ:…
Ај да ги потсетам уште еднаш нашите…
Подготовки за војна? Десетици американски воени авиони…
Анализата на податоците за следење на летот…
(Видео) Вленковци повторно одбиваат да зборуваат македонски…
Претставниците на ВЛЕН одбиваат да говорат македонски…