Oколу 1.000 текстилни работници добиле плата под минималната
Седум текстилни фирми од источниот регион не исплатиле минимална плата. Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец” вели дека станува збор за 1.000 текстилни работници кои кај нив пријавиле дека им е исплатена плата под минималната.
Таа појаснува дека на нивните сметки се исплатени 16.000 или 17.000 денари. Ова е првична бројка, вели, а пријавите се собрани за само пет дена.
– Имаме случај на 970 работници кои добиле минимална плата од 18.000 денари, но не им се исплатени додатоците на плата. Засега ова се мали бројки, но, пријави пристигнуваат, ги комплетираме, потоа ги доставуваме до Инспекторатот за труд, вели Ампева.
Забележува дека заради владините субвенции за минималецот во одредени фирми и супермаркети платите им задоцниле на работниците. Ампева се чуди како низ системот на државните институции поминува да се исплати под минималец и тоа за редовно работење.
Таа порача дека пријавите да не се за редовно работење не би ги спомнала, а веќе се и информирани и странските брендови, како и дали знаат дека мартовската плата за разботниците треба да е минимум 18.000 денари.
Ампева останува на ставот дека со минималната плата требаше да се следи нивниот предлог, кој беше по примерот на Црна Гора.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хезболах не знаел дека купува пејџери од…
Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…
74-годишна жена од Охрид заврши во болница…
Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…
Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…
Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…
ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…
Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…
20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…
20-годишен возач е тешко повреден откако со…