Објавено на:

“Крајот на акцијата не зависи од 9 мај. Не бараме од Зеленски да се предаде, туку нешто друго“

t

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за италијанската телевизија изјави дека не планираат вештачки да поставуваат рок за завршување на, како што рече, специјалните воени операции до 9 мај.

Да потсетиме, во последните недели во западните медиуми и јавноста, но и меѓу експертите, често се зборува дека Путин би можел да ја прекине специјалната воена операција, како што Кремљ го нарекува нападот на Украина, 9 мај, кога Русија го слави Денот на победата.

Лавров сега тоа го демантираше.

„Нашата армија нема вештачки да ги приспособи своите дејствија на ниту еден датум, вклучително и Денот на победата“, рече Лавров, додавајќи дека „темпото на операцијата во Украина зависи првенствено од потребата да се минимизираат сите ризици за цивилното население и рускиот воен персонал“ рече Лавров.

Тој вели дека е свесен дека во СССР имало традиција да се направи нешто големо за празниците.

„Ние ги концентрираме нашите активности во Украина исклучиво на задачите што ги споменав. Нив ги најави рускиот претседател Владимир Путин. Тоа се заштита и безбедност на цивилното население“, рече Лавров, додавајќи дека нивната цел е да спречат каква било закана за Русија.

Не бараат Зеленски да се предаде

Тој додава дека Русија не бара Зеленски да се предаде, туку бара од Зеленски да им нареди на украинските „неонацистички баталјони“ да се предадат.

„Зеленски може да донесе мир ако престане да дава криминални наредби на неонацистичките баталјони и ако ги принуди да ослободуваат цивили и да престанат да даваат отпор“, рече Лавров.

Тој додаде дека нивната цел не е промена на власта во Украина.

„Нашата цел не вклучува промена на режимот во Украина. Тоа е американски специјалитет, тоа го прават насекаде низ светот“, рече Лавров.

Тој додаде дека целта на Русија е да обезбеди мир за луѓето од источна Украина и да ги заштити од нацистите.

Извор: Индекс.хр

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штипјани се тепале во во угостителски објект

На 03.05.2024 во 17:48 часот во СВР…

Ковачевски: Историјата покажала дека само со СДСМ…

На вечерашниот митинг одржан во Македонски Брод,…

(Видео) Мачна сторија: 98-годишна Украинка пеш, во…

Лидија Ломиковска (98) се споила со семејството…

Единствената Авганистанка во дипломатска служба шверцувала 25…

Авганистанката Закија Вардак, генерален конзул во Мумбаи,…

Добри вести: Во Каиро почнаа преговорите за…

Во Каиро почнаа преговорите за прекин на…