Објавено на:

ВОЗЕЛ 176 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Казнети 92 возачи на автопатот Куманово-Скопје-Велес

t

На автопатот Куманово-Скопје-Велес полицијата денеска спровела зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 92 возачи.

Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Од фотографијата што ја сподели МВР, се гледа дека едно возило по автопатот се движи со брзина од 176 километри на час.

Засилените акциски контроли, како што велат од МВР, продолжуваат и во наредните денови и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ѝ одговори на Русија по распишаната…

„Руските извештаи за наводното додавање на украинскиот…

(Видео) Вештачката интелигенција може да го земени…

Извршен е пробниот лет на авионот Ф-16…

Над 30 претставници на украинските медиуми остануваат…

Светот вчера го одбележа денот на слободата…

САД ги осудија сајбер нападите во Европа,…

Американската дипломатија ја осуди неодамнешната кампања на…