Објавено на:

(Видео) Продолжува евакуцијата на цивили во Мариупол

t

Евакуацијата на цивилите со автобуси од Мариупол продолжи и денеска, изјави помошник-градоначалникот Петро Андриушченко.

Повеќе од 100 цивили беа евакуирани вчера од опколената фабрика за челик во источниот украински град Мариупол, откако Обединетите нации и Меѓународниот црвен крст постигнаа договор за извлекување на цивилите од местото на најразорната опсада на војната во Украина.

Денешните евакуирани ќе пристигнат во градот Запорожје, кој е под контрола на Украина, објави во неделата на Твитер претседателот Володимир Зеленски.

Меѓу цивилите во автобусот денеска немало работници од челичарницата Азовстал, како во претходните конвои, објави Ројтерс.

„Цивилите може да се приклучат на конвојот во селото Мангуш и во Бердјанск“, рече Андриушченко.

Тој додаде дека евакуацијата е извршена со условен прекин на огнот бидејќи, според него, руските сили во секое време би можеле повторно да почнат со гранатирање на градот.

Тој предупреди дека во неделата, веднаш штом тргнале автобусите со граѓаните што беа евакуирани од Азовстал, веднаш почнало ново гранатирање.

Непознат број цивили и украински борци останаа заглавени во Азовстал, чија мрежа од бункери и тунели обезбеди засолниште за оние што останаа по почетокот на руското гранатирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бегалец од штипскиот затвор фатен и вратен…

На 04.05.2024 во 23.50 часот во Штип…

Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека земјата…

Измама тешка 25.000 евра во Старата скопска…

На 04.05.2024 во 19:15 часот во СВР…

Возач загинал откако со возило удрил во…

Возач загинал откако со своето возило удрил…

Уапсен 27 годишен скопјанец за време на…

Синоќа на стадионот Чаир за време на…