Денес се формира клубот за бугарско-македонско пријателство во кој членуваат Георгиевски, Бучковски и Колозова

t

Онлајн преку платформата „Зум“ денеска ќе биде претставен нов клуб за бугарско-македонско пријателство.

Како што соопшти Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, кој е виртуелен домаќин, темата на прес-конференцијата е „Претставување на нов клуб за бугарско-македонско пријателство и повелба за негово формирање со видео конференција меѓу видни јавни личности од Софија и Скопје“.

Од Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје информираат дека тие не се креатори и учесници во идејата и сакаат, како што велат, да ја поддржат иницијативата на добра волја која стои зад креирањето на оваа платформа.

Како што е најавено, меѓу основачите на Клубот од македонска страна се филозофката Катерина Колозова, политикологот Љупчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Заjковски, поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.

Меѓу основачите на Клубот од бугарска страна се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експертот за одбрана Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев и Евгени К’нев, тенисерката Мануела Малеева, режисерот Јавор Г’рдев, советникот на претседателот Жељу Желев за етнички прашања и Михаил Иванов.

Исто така меѓу основачите се и три организации на македонските Бугари – Бугарскиот културен клуб Скопје (БККС), Културно-просветното друштво „Вардар“ и Здружението на граѓани за промоција, издавање, иницијативи и меѓународна соработка „ДЕЛО“ Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Отказ за полицајката Вера која му…

Њујоршката полицајка Вера Мекали (26) се најде…

Пронајдено лице пријавено за изгубено на Водно

Регионалниот ЦУК Скопје известува дека на 112,…

(Видео) Трансродов маж се обиде да киднапира…

Застрашувачките моменти кои ги доживеале основците во…

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем…

Повеќе од половина од енергетскиот систем на…

Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога

На 01.05.2024 во 18:45 часот во Тетово,…