Xaoc во Тетово: Истепани двајца вработени од пајак службата, искршени 7 блокатори и наплатна рампа
Искршени 7 блокатори, наплатна рампа и истепани двајца вработени од пајак службата во Тетово
Непознати сторители целосно ја оштетиле наплатната рампа на затворениот паркинг “Лирија”, спроти судот во Тетово.
Случајот е пријавен во полиција, ќе се разгледуваат снимките од безбедносните камери, а против сторителите ќе следуваат соодветни казни, информираа од ЈП градски паркинг.
-ЈП “Градски паркинг” повторно апелира граѓаните да се воздржуваат од вакви несакани вандализми. Урбаната опрема треба сите да ја чуваме, градот припаѓа на сите подеднакво. Ова не е добра слика на нашето Тетово, додадоа од претпријатието.
Од претпријатието велат дека секојдневно се соочуваат со тешкотии во работењето. Само во изминатава недела насилно биле симнати 7 блокатори на тркалата кои биле поставени на возилата кои подолго време биле паркирани, а не платиле за паркинг.
Неодамна двајца вработени од пајак службата биле физички нападнати додека подигале непрописно паркирано возило. Тие се здобиле со полесни телесни повреди, а против напаѓачот е поднесена пријава во СВР Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…