Објавено на:

Зеленски: Со упад во Азовстал руските сили ги прекршија договорите за безбедна евакуација

t

Руските сили почнаа да упаѓаат во челичарницата која е последниот џеб на отпорот во Мариупол.

Преземањето започна откако беше извршена евакуацијата на дел од цивилите кои денови и ноќи беа заробени внатре, а местото беше под постојано гранатирање.

Сепак, се верува дека околу 200 цивили сè уште се во челичарницата, рече градоначалникот на Мариупол, Вадим Боиченко – и дека 100.000 остануваат во Мариупол.

Во своето ноќно видео обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека со упадот во фабриката руските сили ги прекршиле договорите за безбедна евакуација.

Нападите на руската армија продолжуваат во регионот на Доњецк руските војници гранатираа хемиска фабрика во источниот град Авдиивка, при што загинаа најмалку 10 луѓе,информираше украинската страна .

„Русите точно знаеја каде да целат – работниците штотуку ја завршија смената и чекаа автобус на автобуската станица за да ги однесат дома“, напиша регионалниот гувернер на Доњецк, Павло Кириленко во објавата на телеграм, додавајќи дека овој потег е „уште едно цинично злосторство на Русите.

Експлозии се слушнаа и во Лавов, во западна Украина, во близина на полската граница.

Во гранатирања во Лавов оштетени се три електростаници, прекината е струјата во делови од градот и прекинато е водоснабдувањето, изјави градоначалникот.

Лавов беше порта за оружје испорачано од НАТО и засолниште за оние кои бегаат од борбите на исток.

Ракета погоди и инфраструктурен објект во планинска област во Транскарпатија, регион возападна Украина што граничи со Полска, Унгарија, Романија и Словачка, соопштија властите.

Засега нема информации за евентуални жртви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американскиот советник за национална безбедност: Не очекувам…

Новиот пакет воена помош за Украина, кој…

Владиката Петар ги повикува граѓаните во среда…

Возљубени, браќа и сестри, во Христа Воскреснатиот!…

Хамас ја презеде одговорноста за нападот на…

Вооруженото крило на палестинската милитантна група Хамас,…

Нападнат маж во Берово

Денеска (05.05.2024) во 04:30 часот во Полициска…

Во вторник нова цена на горивата

Задутре во вторник, првиот неработен ден следната…