Објавено на:

Измамена жена од Тетово за добивање хуманитарен стан

t

Триесет и деветгодишна жителка на скопско село вчера во тетовската полиција пријавила измама. Таа поверувала на измамник дека ако даде пари за трошоци, тој преку хуманитарна организација ќе и обезбеди стан.

-Според пријавеното, лицето и ветило дека ќе и помогне да ѝ доделат стан преку хуманитарна организација, но за подмирување на одредени трошоци побарало од неа преку таксист во Тетово да му испрати извесна сума пари. Како што е пријавено, таа му ги дала парите на таксистот, а лицето со кое контактирала телефонски не се појавило во Тетово, по што сфатила дека е измамена, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата сега презема мерки за расчистување и документирање на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Струга до 17 часот излезноста за…

До 17 часот во Струга и струшко…

ДИК: Излезеноста до 17 часот за претседателските…

Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори…

ИЗЛЕЗНОСТ ДО 15 ЧАСОТ: За претседателските избори…

До 15 часот пристигнати се податоци за…

Во ИЕ 3 најголема излезност во Крива…

Во Општина Штип до 15 часот за…

Во Демир Капија над 46 отсто излезност…

Во Демир Капија е регистрирана 46.15 проценти…