Објавено на:

Зеленски во недела ќе се приклучи на онлајн самитот на лидерите на Г7

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски в недела на онлајн самитот ќе им се придружи на лидерите на Г7 за да разговараат за ситуацијата во Украина, изјави денеска портпаролот на германската Влада, пренесе ДПА.

Самитот се одржува на историски ден, рече портпаролот, додека на 8 мај нациите ширум светот го слават крајот на Втората светска војна во Европа и крајот на националсоцијализмот.

Групата Г7 ги вклучува Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Канада и САД. Во моментов претседавач е Германија, појаснува ДПА.

Покрај кризата во Украина, веројатно ќе се разговара и за други теми, иако не беа веднаш достапни дополнителни детали – вклучувајќи го и точниот тајминг на состанокот.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, исто така, по повод годишнината од крајот на Втората светска војна в недела требаше да одржи телевизиски говор со фокус на војната во Украина, најави неговиот портпарол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Големите експерти во енергетика: Шест дена рек…

Откако на 18 јуни Термоблокот 2 од…

(Фото) Се бара оставка на Владата: Бројни…

Во центарот на Скопје, во близина на…

Како Кина и Русија го изневерија Иран?

Во актуелниот конфликт меѓу Израел и Иран,…

Мицкоски најави инфраструктурен бум: „Веќе вклучуваме во…

Во оваа тешка година имаме резултати зад…

Трамп: Израел и Иран се согласија на…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е…