Објавено на:

Припадник на армијата на САД осуден за превезување снимки со детска порнографија

t

Поранешен службеник во воено-воздухопловните сили на САД синоќа беше осуден од суд во Мериленд на 11 години затвор поради транспорт на снимки со детска порнографија, соопшти синоќа федерален обвинител.

Судија од сојузниот областен суд го осудил Џејсон Даниел Орт (36) од Валдорф, Мериленд, на 11 години затвор, а по истекот на казната и 15 години надгледувана слобода, поради обид да превезе снимки со детска порнографија од Мериленд во Њујорк.

Судијата рече дека по одлежувањето на казнениот рок, во местата каде ќе престојува, работи или учи Орт мора да се регистрира како прекршител на полова основа согласно Закон за регистрација и известување за полови напади.

За време на престој во дом во Њујорк, а по поплака од сопствениците, Орт бил откриен како поставува камери во спална соба на домот. Спроред истрагата, тој потоа признал дека поставувал камери и во други домови на други места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицијата во Висконсин застрелала вооружен напаѓач…

Американската полиција вчера пукаше и уби ученик…

(Видео) Ибраимоски: Ќе ви покажеме како треба…

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро…

ИДФ ги одобриле плановите за операција во…

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили…

Здравко Чолиќ според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“…

Најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ според познатиот…