Фон дер Лејен во Будимпешта за ембаргото на руската нафа
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен во понеделникот вечерта во Будимпешта ќе разговара со унгарскиот премиер Виктор Орбан за „безбедноста на енергетското снабдување на Европа“, најави во понеделникот попладнето нејзиниот портпарол, додека Унгари е една од земјите коишто го блокираат предлогот за ембаргото на увозот на руската нафта.
Фон дер Лејен со Орбан ќе разговара за предлогот од шестиот пакет снакции на Европската унија против Русија кој беше претставен минатата седмица во Стразбур, во кој акцентот е ставен на увозот на руската нафта.
Европската комисија во средата го престави новиот предлог за новите антируски санкции кои вклучуваат забрана на увозот на сирова нафта од Русија во рок од шест месеци и нафтени преработки до крајот на годината.
Патувањето на фон дер Лејен во унгарската престолнина доаѓа во прериодот кога продолжуваат преговорите на 27-те претставници на земјите членки на ЕУ со Европската комисија за да се дојде до довор за новите санкции. Изминатиот викенд не беше постигнат договор бидејќи Унгарија, Словачка и Чешка продолжуваат да бараат поширока рамак од забраната за увозот на нафта од Русија.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто се закани со вето на пакетот санкции во сегашната форма, бидејќи тој би предизвикал големи економски последици за Унгарија.
„Унгарија нема да даде согласност на предлогот на ЕК за санкциите против Русија, бидејќи тој создава проблем а не нуди решение“, изјавил шефот на унгарската дипломатија кого го цитира портпаролот на владата Золтан Ковач.
Премиерот Орбан минатата седмица за планираното ембарго рече дека би имало последици како „атомска бомба за економијата на Унгарија и би го уништил нашето стабилно енергетско снабдување“.
За прифаќање на шестиот круг санкции на ЕУ против Русија потребна е едногласна поддршка од 27-те земји членки.
Во предлогот се предвидени и изземања, но Унгарија и Словачка веднаш ги оценија како недоволни. Двете земји, како и Чешка, се многу зависни од увозот на руската нафта и тешко можат да обезбедат алтернативни правци за испораки. Во меѓувреме, за изземање интерес најави и Бугарија, која се закани и со вето на предлгот за новиот пакет санкции.
Будимпешта пресмета дека ќе ѝ бидат потребни пет години за да може целосно да се откаже од руската нафта.
Како што појаснил за AFP неименуван европски дипломат, на Унгарија за сигурано и непречено снабдување со нафта би ѝ бил потребен нов нафтовод кој би бил поврзан со Храватска која има излез на море. Покрај тоа, Будимпешта бара гаранции дека Загреб ќе се ангажира на изградбата на таа инфраструктура, како и гаранции за финансиски средства од фондовите на ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…
Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…
ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…
ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…
Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…
Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот…
Касами со албанско знаме го пречека таткото…
Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…