Објавено на:

(Фото) Вознемирувачки слики од Азовстал: Ова се последните борци, нема предавање, а снемува храна, лекови…

t

Борците на групата „Азов“, кои со денови се опколени во челичарницата во „Азовстал“, на светот му испратија страшни фотографии од своите војници и состојбата во која се наоѓаат. По два месеци во подземните тунели, нив им снемува храна и муниција, но не се предаваат. Бараат помош од меѓународната заедница.

– Нема да се предадеме. Предавањето значи смрт – вели првиот човек на баталјонот во „Азовстал“, Свјатослав Паламар.


„Целиот цивилизиран свет треба да ги види условите во кои се наоѓаат ранетите, осакатените бранители на Мариупол и да реагира! Во сосема нехигиенски услови, со отворени рани завиткани во нестерилни остатоци од завои, без потребните лекови, па дури и храна!“, напишале борците на каналот Телеграм.

„Ги повикуваме Обединетите Нации и Црвениот крст да покажат хуманост и да ги потврдат основните принципи на кои се создадени. Спасете ги ранетите! Војниците што ги гледате на фотографиите и стотици други во фабриката „Азовстал“ ја бранеа Украина и целиот цивилизиран свет по цена на нивното здравје и животи. Дали заедниците (ОН и Црвениот Крст) сега не се во можност да ги заштитат и да се грижат за нив?“, се додава во објавата.

Борците, исто така, побараа „итна евакуација на ранетите војници на териториите под контрола на Украина“, каде што може да им се обезбеди потребната помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп му се потсмева на Путин: Реши…

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…

Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…

Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Град Скопје објави јавен повик за субвенции…

Град Скопје објави Јавен повик за доделување…