Владиката Петар: СПЦ и БПЦ нѐ именуваат како Македонска православна црква
Митрополитот Преспанско-пелагониски на МПЦ-ОА, Петар, ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија за признавање на нашата црква како канонска.
– Им благодариме на сите и сега треба да се покажеме како кротко јагне. Некој ако нѐ нарекува Македонска црква, тоа се подразбира. Некој ако нѐ нарекува Охридска архиепископија (ОА), пак го содржиме и тоа име, бидејќи е поврзано. Да се признае црквата како ОА, го поздрабира истото, но очигледно на Цариградската патријаршија и црквите од грчкото јазично подрачје им пречи да се именуваме тоа име и од тие причини најверојатно е одлуката да биде нарекувани ОА. Ова може да биде и тројна формула. СПЦ секогаш комуницирала со нас како МПЦ, Бугарската црква исто така, и Руската црква исто така. Не е спорно да се именуваме како македонска – вели митрополитот во емисијата „Само интервју“.
– За нас е битното дека ние сме признаени под име Охридска архиепископија. Кажано е дека јуридискцијата се протега на територијата на Северна Македонија. Тоа е кажано во контекст дека ние не можеме да ја шириме нашата јурисдикција во нашето опкружување – додава владиката Петар.
Прашан што доколку не се најде решение во разговорите со СПЦ, тој потенцира дека „сме на прав пат и се надевам дека поскоро ќе дојде обединувањето на поделбите помеѓу Москва и Цариград“.
За Владиката Петар направениот попис бил политички, за да биде вистински, рече, има начин и методологија да се направи.
– Ние можеби ќе треба сега да си направиме наш попис православните според крештениците и да се утврди колку православни има во Републикава и колку не има во дијаспората – рече меѓу другото Владиката Петар, додавајќи оти сигурно две третини се надвор од татковината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Русија се залага за рамномерен развој…
Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…
Британија привремено го повлекува целиот персонал од…
Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…
Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…
Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…