Објавено на:

Илон Маск ќе ја укине забраната за Трамп на Twitter: „Тоа е морално погрешно и глупаво“

t

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, изјави дека ќе ја поништи суспензијата која компанијата „Твитер“ ја воведе на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), нарекувајќи ја таа одлука морално лоша, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Маск, чија понуда од 44 милијарди долари за купување на социјалната мрежа „Твитер“ беше прифатена кон крајот на април, рече дека разговарал со основачот на компанијата, Џек Дорси, и се согласиле дека „трајните забрани треба да бидат исклучително ретки и навистина резервирани за профилите кои се ботови или спам измами каде што едноставно нема легитимитет за одговорност“.

„Мислам дека не беше правилно да се суспендира Доналд Трамп. Мислам дека тоа беше грешка бидејќи отуѓи голем дел од земјата и на крајот не резултира со тоа Доналд Трамп да нема глас“, рече тој во интервју за „Фајненшл тајмс“.

Маск призна дека сè уште не е сопственик на Твитер, но рече дека тој и Дорси се согласуваат дека не треба да има трајна забрана.

„Тоа не значи дека некој може да каже што сака, нешто што е незаконско или на друг начин деструктивно за светот. Тогаш треба да има пасивна пауза, привремена суспензија или одреден твит за да биде невидлив“, рече Маск.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските телевизии ја прекинаа програмата во сеќавање…

Сите телевизии во Србија ја прекинаа програмата…

(Видео) Оро на Прешево, Србите кои чекаа…

Празничниот продолжен викенд создаде долги колони на…

Кавга меѓу Шпанија и Аргентина- сѐ почнало…

Неговата изјава доаѓа откако шпански министер навестил…

Шефот на британската дипломатија: Испраќањето НАТО војници…

Министерот за надворешни работи на Британија Дејвид…

Лајчак: Вучиќ и Курти имаат мандати за…

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот…