Џафери не дава оставка, отиде во Берлин

t

Претседателот на Собранието Талат Џафери, координатори на пратеничките групи, генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова, собраниски службеници, како и претставници од НДИ од денеска до четврток ќе бидат во студиска посета на германскиот Бундестаг во Берлин.

Посетата е организирана и финансирана во рамки на Програмата за парламентарна поддршка на Собранието финансирана од Швајцарската агенција за развој и имплементирана од НДИ, а со цел продолжување на процесот за осамостојување на собраниското обезбедување.

Во политичкиот дел на студиската посета, делегацијата ќе оствари средба со претседателката на германскиот Бундестаг, Бербел Бас, Парламентарната група за соработка со државите од Југоисточна Европа, Комисијата за Европската Унија, специјалниот пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Во практичниот дел од посетата, како што стои во соопштението, ќе се реализираат средби со генералниот секретар на Бундестагот, со високи службеници од Бундестагот надлежни за парламентарни услуги, полиција и безбедносни задачи, ревизија, како и претставници на Парламентарниот ТВ канал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Си Џинпинг ќе ја посети Србија на…

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе престојува во…

ЦУК: Пронајдено повозрасно лице изгубено на Плачковица

Во спасувачка потрага синоќа е пронајдено 66-годишно…

Макрон на крајот од месецов во државна…

Францускиот претседател Емануел Макрон од 26 до…

Фон дер Лајен: ЕУ требаше да ги…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Русија тврди дека Украина го нападнала Крим…

Руските системи за противвоздушна одбрана уништиле четири…