Објавено на:

Шведска поднесе барање за влез во НАТО

t

Шефицата на шведската дипломатија Ан Линде утрово потпиша барање за членство на земјата во НАТО. Ова е официјален чекор на Стокхолм на приклучување кон воениот сојуз по децении воена неутралност.

Тоа на Твитер го објави претставништвото на земјата во Алијансата.

– Ова е голема и сериозна работа и сметаме дека може да потрае една година за да се приклучиме. Овој заклучок е најдобар за Шведска. Апликацијата ќе биде поднесена заедно со Финска, а потоа ќе биде обработена од НАТО – рече Линде.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон претходно изјави дека земјата треба да се приклучи на НАТО заедно со соседна Финска за да се обезбеди безбедноста на шведскиот народ.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека влезот на двете нордиски земји во НАТО нема да создаде закана за Русија, но воената експанзија на територијата ќе предизвика нивен одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…