Високи затворски казни за Груевски и Јанакиевски во случајот ТНТ

t

Затворска казна од девет години во отсуство му е доделена на поранешниот премиер Никола Груевски во случајот ТНТ за рушењето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, кому обвинетите ќе треба да му платат оштета од 50 милиони денари.

Затвор му е пресуден и на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески кој доби три години, а по четири години добија тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски и Елизабета Најдоска.

Случајот го водеше судијата Огнен Ставрев. За делото беа обвинети се повеќе лица меѓу кои ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, како и еден градежен инспектор и тројца вработени во општина Гази Баба.

За време на процесот се докажа дека објектот „Космос“ е дивоградба и оти инвеститорот Фијат Цановски цело време барал политичко решение комплексот да не биде срушен. Сега тој има право да побара оштета од државата од неколку милиони евра

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ибраимоски: Ќе барам посебни седници за…

Како пратеник ќе барам посебни седници на…

Се пресметале при разминување на прошетка –…

Еден затвореник е полесно повреден во пределот…

Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош…

Синоќа во градски автобус на подрачјето на…

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица…

За вториот круг на претседателските и за…

Фон дер Лајен: ЕУ смета на Кина…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…