(Фото) Пожар пред топланата на БЕГ

t

Утрово се случил пожар во близина на топланата на БЕГ. Пожарот избил нешто пред 5 часот. На фотографиите од пожарот може да се забележи како црн чад се издига над Скопје.

Утрово околу 04.55 е добиена пријава дека е настанат пожар кај старата во фабриката „Комуна“.

Од скопската пожарна за „Локално“ изјавија дека станува збор за магацински простор каде е запален пластичен материјал.

– Се работи за поголема количина на пластичен отпаден материјал каде се врши дробење и рециклирање на истиот. Интервенирано е со 9 возила и 20 пожарникари. Пожарот брзо е ставен под контрола, вели за „Локално“, командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.

Во моментов на терен има дежурна пожарникарска екипа која ја следат ситуацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…