Рогозин: Русија до есен планира да произведе 50 нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат“
Русија планира до крајот на есента да произведе и распореди околу 50 нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, способни за нуклеарни напади, изјави Дмитриј Рогозин, генералниот директор на руската вселенска агенција „Роскосмос“.
Ракетите ќе бидат избработени во производствените капацитети во сибирскиот град Краснојарск, изјави тој синоќа за новинската агенција „Интерфакс“.
Русија во април го изведе првото пробно лансирање на ракета „Сармат“ од новата генерација. „Сармат“ има дострел од 18 илјади километри и може да биде опремена со нуклеарни боеви глави. Тоа и овозможува на Русија да гаѓа цели низ целиот свет со лансирање ракети преку Северниот или Јужниот пол.
Првите системи „Сармат“ ќе бидат стационирани на Краснојарската територија.
Претседателот Владимир Путин лансирањето на „Сармат“ ракетата во април го искористи за да му се закани на Западот, во контекст на војната во Украина.
Ракетата е оспособена да ги надмине сите видови одбрана и да ги натера државите „подобро да размислат“ пред да и се закануваат на Русија, рече тогаш Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…
Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…
Несреќа во Германија: Македонец тешко повреден од…
Во тешка работна несреќа што се случила…