Полициски службени на Деве Баир доби кривична пријава за примање поткуп
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник И.Г., вработен во Полициската станица за ГП и ГН Деве Баир поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од КЗ.
Пријавениот на 16.04.2022 од оштетениот А.Ѓ. побарал и примил парични средства за да не изврши службено дејствие кое морал да го изврши, односно му овозможил да ја помине границата без валиден негативен ПЦР тест, кој во тој период бил задолжителен при влез во Република Македонија. Против полицискиот службеник ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…