Објавено на:

Естонска премиерка ja oткриј Русија: Санкциите почнуваат да и нанесуваат штета на Европа, ќе биде тешко да се одржи единството

t

Естонската премиерка Каја Калас оцени дека ќе биде тешко да се одржи европското единство во однос на одговорот на руската инвазија на Украина. Причините за тоа се инфлацијата и животниот стандард во Европа, додаде таа.

Калас го критикуваше францускиот премиер Емануел Макрон поради обидот да му даде на Владимир Путин дипломатски излез од конфликтот, пишува Гардијан. Калас смета дека единствениот ефект од постапката на Макрон е да го убеди рускиот лидер дека нема да биде изолиран и нема да одговара за воени злосторства.

– Санкциите почнуваат да ѝ нанесуваат штета на Европа. На почетокот само на Русија и беше тешко поради санкциите, но сега доаѓаме до моментот кога санкциите им штетат на европските земји, но прашање е колкава штета сме подготвени да поднесеме. Различно е во секоја држава. Единството е тешко за одржување, а сега е уште потешко поради инфлацијата и цените на енергенсите. Гасот можеби е скап, но слободата е бесценета. Луѓето кои живеат во слободен свет навистина не го разбираат тоа, рече таа за време на посетата на Лондон.

Калас вели дека е загрижена поради предвремените повици за мир, додавајќи дека прекинот на огнот не значи дека злосторствата на окупираните територии ќе завршат. – Веќе трипати ја направивме истата грешка – во Грузија, во Донбас и на Крим. Не смееме да ја повториме оваа грешка, рече таа. Премиерката на Естонија вели дека до крајот на советската окупација на Естонија, уделот на Русите во населението се зголемил од два на 30 отсто. – Се плашам од иста судбина во Украина, вели таа.

Макрон неодамна го повтори својот став дека Путин не смее да биде понижен и ја истакна поделеноста меѓу оние кои велат дека Путин мора да биде поразен и да биде виден како губитник и оние кои велат дека не смее да победи. – Путин може да си го спаси лицето со враќање во Русија бидејќи неговите воени сили се во суверена земја, рече Калас.

Таа верува дека Путин мора да знае дека ќе одговара за воени злосторства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп повторно проговори за нападот врз Иран

По американскиот воздушен напад врз три ирански…

Иранскиот претседател вети одговор на нападот на…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска вети „одговор“…

Утре вонреден состанок на Меѓународната агенција за…

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска…

Медведев: По нападите на САД врз Иран,…

„Повеќе земји се подготвени директно да го…

„Квалитетно“ работеле: Ниту еден извршител не останал…

Вкупно 137 претставки од странки против конкретни…