ЈСП: Донесена е одлука за зголемување на платите, најавениот протест е политички мотивиран

t

Во врска со најавеното излегување на протест од страна на Независниот синдикат во ЈСП Скопје, сакаме да информираме и укажеме дека ваквиот вид политички мотивирани дејствија се неприфатливи и штетни за целокупното работење на претпријатието и на штета на граѓаните, корисниците на јавниот превоз, стои во соопштението на ЈСП.

Од таму велат дека јавноста и вработените треба да бидат информирани дека Управниот одбор на ЈСП Скопје на 19.04. 2022 год ги прифати барањата на Независниот синдикат со Одлука за линеарно зголемување на платите во износ од 2800,00 денари.

– Поради ова ги осудуваме ваквите дејствија и апелираме дека со политички мотивирани манипулации поттикнати од центри на политичка моќ нема да се допринесе кон развој и унапредување на статусот на вработените во ЈСП Скопје, туку, напротив ќе доведат до непоправлива штета која негативно ќе влијае врз работните процеси и статусот на вработените во претпријатието, како и за граѓаните воопшто, се додава во соопштението на ЈСП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Партизанска се преврте автомобил

Автомобил по судар се превртел на Партизанска…

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема…

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција…

Нов инцидент со „Боинг“ – Авионот итно…

Од авионот на „Делта ерлајнс“ се „одвои“…

Блинкен: Ако Кина не го реши проблемот…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се закани…

Денеска се празнува Лазарева сабота

Светиот Лазар, брат на Марта и Марија,…