Објавено на:

Колку повеќе оружје има Русија од Украина?!

t

Руските војници ги надминуваат украинските војници 20 пати во артилерија и 40 пати во муниција, пишува британскиот весник „Индепендент“.

Британскиот весник се повика на разузнавачкиот извештај кој дошол во нивна сопственост, пренесува РИА Новости. „Според новите разузнавачки податоци, украинските војници трпат огромни загуби, бидејќи руските војници се повеќе од 20 спрема 1 во артилерија и 40 спрема 1 во муниција“, пишува весникот.

Според извештајот, украинските трупи се ограничени на опсег од 15,5 милји (24,9 километри), додека руските трупи можат да нападнат од 12 пати поголема далечина.

„Јасно е дека не можете да победите ако имате неколку пати помалку оружје, вашето оружје го гаѓа непријателот од пократко растојание и имате значително помалку муниција од вашите противници“, цитира весникот извадок од извештајот.

Според нив, украинската страна речиси целосно останала без проектили за МЛРС „Смерч“ и „Ураган“. „Ова создава ситуација на апсолутна нееднаквост на бојното поле, а да не зборуваме за целосна доминација на руските авиони во воздухот“, се вели во извештајот.

Покрај тоа, „тешките борби“ имаат сериозен ефект што лошо влијае на моралот на украинските војници, во врска со што расте бројот на случаи на дезертирање меѓу украинскиот воен персонал, објави Новости.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…