Радев: Ветото да остане додека не се формира ново парламентарно мнозинство

t

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, побара да опстои ветото за Македонија додека се формира новото парламентарно мнозинство. По распадот на владината коалиција, според Радев, неопходно било власта да обезбеди финансиска стабилност на државата, и помош за економијата, ама порача да остане спуштена рампата и за ЕУ интеграциите на Македонија.

Пораката на Радев следи по еден ден откако премиерот Петков при посетата на еврокомесарот за проширување, Вархеи изјави дека ветото за Македонија може да биде тргнато само ако се запази резолуцијата за земјава донесена во бугарскиот парламент, вклучување на бугарите во македонскиот устав и реализирање на договорот за добрососедство, а за нивното исполнување да гарантира Европската Унија.

Ако Македонија, ги прифати таквите барања, опозицискиот лидер се закани дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против во собранието. Во интервју за „Призма“, МИцкоски вели, влезот на бугарските барања во преговарчката рамка, тоа ќе биде капитулација за Македонија.

„Сум кажал и ќе повторам тоа еднакво на капитулација за Македонија на дипломатски план. Тоа значи или се асимилирате, бугаризирате и станувате дел од ЕУ или никогаш нема да бидете дел од ЕУ. Ако стигне да се гласа во Собранието ќе гласаме против“

Во меѓувреме, министерот за надворешени Осамни кој учествува на Самитот на шефови и влади во Солун, најави дека очекува да се сретне со неговата бугарска колешка Генчовска.

На самитот учествува и премиерот Ковачевски, кој според најавите ќе има свое обраќање. Во улога на набљудувачи самитот ќе го следат Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и германскиот канцелар Шолц, кој викендов ќе ја посети земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ристовски: Гласајте за слобода, за број 3,…

„Во изминативе денови на кампања за парламентарниве…

Апасиев: Го враќаме името Република Македонија!

Мојата генерација ќе го врати уставното име…

Италијанскиот министер за одбрана: Разговарајте со Путин!

Италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето денеска…

Ритер: Режимот на Зеленски ќе исчезне

По завршувањето на специјалната операција во Украина,…

Првата жртва при распадот на Југославија: 33…

Триесет и три години од загинувањето на…