Објавено на:

Израел итно ги евакуира своите граѓани, најавени напади!

t

Израел денеска ги повика своите граѓани да го избегнуваат Истанбул или да се вратат дома ако веќе се таму, со што ја заострија инструкцијата од 30 мај кога ги советуваа своите граѓани да не патуваат во Турција поради заканите за киднапирања од Иран.

Министерот за надворешни работи Јаир Лапид рече дека израелските безбедносни сили направиле „огромни напори“ за „да ги спасат израелските граѓани во последните недели“, заблагодарувајќи ѝ се на турската влада за нејзиниот придонес.

Тој не дал дополнителни детали. Израелски безбедносен претставник изјавил дека Турција уапсила неколку наводни „оперативци“ на иранската Револуционерна гарда. „Ги повикуваме Израелците да не летаат за Истанбул – и ако можете да го избегнете, не летајте за Турција. Ако сте во Истанбул, вратете се дома што е можно поскоро“, рече Лапид на телевизија.

„Овие закани се насочени кон Израелците на одмор. Тие избираат, на случаен, но и намерен начин, израелски граѓани за да ги киднапираат или убијат“, додаде тој. „Сакам да испратам порака оттука и до Иранците. Кој ќе им наштети на Израелците нема да се извлече. Долгата рака на Израел ќе ги достигне, каде и да се.“

Техеран најави одмазда против Израел, кој го обвинува за убиството на Хасан Сајад Ходаи, полковник на елитните бригади на Ал Кудс на Иранската револуционерна гарда, кој беше убиен на 22 мај. Израел не ја презеде ниту негираше одговорноста за убиството. Тој го обвини Кодаи дека планирал напади врз жители ширум светот.

Турција е популарна туристичка дестинација за Израелците. Двете земји, исто така, работат на подобрување на дипломатските врски по децениите лоши односи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марк Руте: НАТО е тука и за…

На прес конференција пред почетокот на НАТО…

Бугарија: Изјавите на Мицкоски се популистички, нема…

Ниту еден обид за заобиколување на консензусот…

Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…

Арсовска го објави: „Ова е сопственикот на…

Градоначалничката Данела Арсовска денес на Фејсбук сподели…

Левица: Скандал во Вевчани, ДПМНЕ на колена…

Скандал во Вевчани, наместо успехот критериум за…