(Видео) Драма на Задушница во Штип: Куче ја изело храната од гробот, па влегло во кола да се одмори

t

Мајка и син од Штип биле преплашени од куче скитник кое прво ја изело сета храна која ја оставиле на гробот за Задушница, а потоа влегло во нивниот автомобил и таму си лежело околу 40 минути. Мајката и синот биле преплашени од големото куче и чекале тоа самото да излезе од колата за да можат да си одат дома.

– Јас сакав да седнам во колата, а тоа влезе, ме бутна и легна на задните седишта, опашот му висеше надвор. Чекавме околу 40 минути да излезе од колата за да си одиме – рече жената за телевизијата Стар, која ја објави приказната.

Од Јавното претпријатие Исар изјавиле дека бездомните кучиња не се во нивна надлежност. Мајката и синот апелираат до локалните власти да преземат нешто навреме зашто ако некој биде каснат или повреден, ќе биде доцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родители на починатите во пожарот во Кочани…

Родители на починатите во пожарот во клубот…

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…