Објавено на:

Министерот Сали: Пандемијата е далеку од завршена

t

Пандемијата е далеку од завршена и дека нашиот здравствен систем мора да остане подготвен и опремен за да спасува животи. За таа цел, заедно со Комисијата за заразни болести во континуитет ја следиме состојбата и искуствата од регионот”, рече министерот за здравство Беким Сали денеска за време на настанот на кој ја прими биомедицинската донација од СЗО и УСАИД.

Во соопштението на СЗО и УСАИД се вели дека мониторите за пациенти се суштински алатки за третман и нега на пациенти со респираторни заболувања и на пациенти на кои им е потребна интензивна нега. Тие обезбедуваат информации за виталните знаци, вклучително и отчукувањата на срцето, крвниот притисок, заситеноста со кислород и други респираторни параметри, кои се користат од медицинскиот персонал за третирање на пациентите. Кислородните маски и машините BiPAP помагаат да се спасат животи со обезбедување навремена и соодветна поддршка за кислородна терапија за пациентите со ковид-19.

Д-р Ане Јохансен, специјален претставник на СЗО во нашата земја и в.д. шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје, истакнаа дека од почетокот на пандемијата двете организации се посветени да ги поддржуваат националните здравствени власти во одговорот на ковид-19, и со техничка соработка и со опрема и дека со ублажување на недостигот на медицинска опрема во ковид – центрите не само што се поддржуваат здравствените работници во критичните моменти, туку и подготвеноста на здравствениот систем за задоволување на идните, долгорочни потреби.

„Пандемијата со ковид-19 не е завршена, но оваа пандемија не принуди на глобално ниво да ги препознаеме недостатоците на здравствените системи во однос на одговор на ваква јавноздравствена криза. Медицинската опрема што ја доставуваме денеска ќе одговори на некои од тие недостатоци – не само за лекување на пациенти со ковид-19, туку и за други на кои им е потребна интензивна нега и следење, особено за респираторни заболувања. Горди сме што продолжуваме со партнерството со СЗО и Министерството за здравство во нашиот заеднички одговор на ковид-19, кој исто така има за цел да го зајакне здравствениот систем на Северна Македонија”, рече Џејмс Стајн, в.д. претставник на Канцеларијата на УСАИД во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…