Објавено на:

„Азот“ е новиот „Азовстал“: На Украинците им се случи нова катастрофа, опколени илјадници војници

t

Русија утрово побара украинските сили кои се кријат во хемиската фабрика „Азот“ во Северодоњецк да го положат оружјето и да се предадат.

Михаил Мизинцев, шеф на рускиот Национален центар за управување со одбраната, изјави за новинската агенција „Интерфакс“ дека украинските војници треба „да престанат со својот бесмислен отпор и да го положат оружјето“.

Тој вети дека цивилите ќе можат да се евакуираат преку хуманитарниот коридор – иако неговите зборови доаѓаат еден ден откако беше објавено дека два од трите моста надвор од градот се уништени, а третиот е стар и небезбеден.

Украина соопшти дека во „Азот“ биле заробени повеќе од 500 цивили и неодреден број војници.

Гувернерот на Луганск, Сергеј Гајдаи, изјави дека цивилите во „Азот“ не можат повеќе да издржат во засолништата и дека „нивната ментална состојба е на граница.

Ситуацијата потсетува на битката за фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, каде стотици борци и цивили се засолниле до предавањето во мај. Украинските војници во овој случај остануваат во руски притвор.

Гајдаи рече дека Русите контролираат околу 80 отсто од Северодоњецк и дека масовната евакуација на цивилите сега е „едноставно невозможна“.

Во Северодоњецк останаа околу 12.000 луѓе, во споредба со предвоеното население од 100.000.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ристовски со порака до двајцата кандидати за…

Ние уште во 2020  говоревме за брза…

Груевски со честитка за Велигден: Без разлика…

“Во длабочините на зимата, конечно дознав дека…

Унгарија е подготвена да го преземе претседавањето…

Унгарија е подготвена да го преземе претседавањето…