Петков: Водевме многу тешки разговори, Македонија треба да ги прифати нашите барања

t

Бугарскиот премиер Кирил Петков пред влегувањето на самитот на лидерите на ЕУ рече дека утрово, на самитот со лидерите од Западен Балкан, се воделе многу тешки разговори и дека имало „страшно очекување“ дека Бугарија ќе го тргне ветото.

-Второ нешто што се случи е дека дел од предлозите на француското претседателство се покажаа тешки за прифаќање од страна на Македонија, но тоа што мислам дека стана јасно е дека тоа не се веќе само барања на Софија туку треба да станат и барања на Европа, рече Петков.

Според него, тешката задача сега ќе биде во Македонија која, според него, треба да ги прифати нивните барања за да продолжи евроинтеграцискиот процес. Тој повтори дека без одлука на бугарскиот парламент тој не може да искаже позиција околу францускиот предлог но изрази надеж дека одлуката за тоа ќе биде донесена бргу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…

„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…

Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…