Објавено на:

Пановски: Јас воопшто не би тестирал за Ковид, не треба да се крева паника ни за мајмунските сипанинци

t

По мирниот почеток на летото, бројот на новозаразени лица со коронавирусот во земјава повторно расте.

Др.Никола Пановски во разговор за „Локално“ вели дека засега состојбата е мирна и стабилна, болниците во земјава се празни и бројот на починати од ковид е помалку од еден случај дневно.

Во врска со појавата на Омикрон-БА 4 и 5, микробиологот, појаснува дека секоја нова варијанта која станува доминантна се шири побрзо од претходната, додавајќи дека и овие нови подвидови се шират побрзо од претходните видови на омикрон.

-Додека нема компликации и хоспитализации, а особено смртни случаи, бројот на нови случаи за мене лично не значи ништо. Денес се тестирале, на пример, 1000 лица со респираторни симптоми, 200 од нив биле позитивни на ковид 19, од тие 200 ретко кој завршил во болница, сите оздравеле. Што е со останатите 800, ковид негативни? Дали и тие оздравеле, дали не завршиле во болница? Не знаеме!!! Не биле ковид. А, што ако од тие 800, поголем број завршуваат во болница отколу од овие со ковид? Инаку, овие што се тестираат веројатно имаат поизразени симптоми, висока температура, болки итн, вистинскиот број на нови случаи е десетина пати поголем, бидејќи оние се полесни симптоми воопшто и не се тестираат. Новите подваријанти на омикрон немаат различни симптоми и не предизвикуваат потешка клиничка слика од другите подводови на, секако многу полесна од сите претходни варијанти, објаснува Пановски.

Тој вели дека без лабораторија не може со сигурност да се направи разлика,помеѓу стомачниот вирус кој е присутен и стомачните болки кои можат да бидат еден од симптомите за ковид.

-Вирусите кои даваат стомачни симптоми се повеќе видови на број. Се разбира сосема се различни од ковид како вируси, помали се, поотпорни на надворешна средина, различно се градени. Клинички, кога е ковид, дијареата е придружен симптом на респираторните симптоми, што е поретко случај кога се работи за ентеровируси. Без лабораторија не може со сигурност да се направи разлика, што за самиот пациент и не битно. Специфичен лек нема, основна терапија е рехидратацијата и диетата., подвлекува микробиологот.

Наесен ќе има поголем број на случаи

Пановски вели дека новиот бран почнува деновиве, појаснувајќи дека сега има разликата заради стекнатиот имунитет природно или вештачки, поради што хоспитализациите и компликациите се многу поретки.

-Новиот бран почнува деновиве, но ако тој број на нови случаи не ги наполни амбулантите и особено болниците, не е ни битен. Замислете ако имаме по 500 случаи дневно, без некои компликации по здравјето, тоа би значело дека најмалку 5000 нови инфекции имаме на ден. 5000 х 30=150.000 природно имунизирани граѓани месечно, за година дена сите ќе го „свртиме вирусот’ барем по еднаш. Ние веќе сме го „свртиле“ вирусот, просечно по еднаш сите, кои со симптоми кои без, кој вакциниран кој не, но последиците беа страшни. Сега, разликата е што заради имунитетот природно или вештачки, а особено комбинирано стекнат, и заради намалената вирулентност на омикрон варијантата (поголема вирулентност не значи побрзо ширење, туку поголема штета за човекот), хоспитализациите и компликациите се многу поретки, смета докторот.

Пановски е на мислење дека наесен ќе има поголем број на случаи и дека во моментов едноставно живееме со вирусот во една сосема пристојна рамнотежа во која „само хроничните болни и постарите би требало да внимаваат да не се разболат“.

-Сега, без мерките ќе имаме како секоја година, респираторни болести во есен и зима, тој број на такви случаи ќе изнесува и до 100.000 дневно. Да се прашувам јас, ако состојбата остане ваква во смисла на лесната болест која ја дава омикрон варијантата кај нас, каде во огромен број сме имунизирани, пред се по природен пат, воопшто не би тестирал на ковид, подвелкува тој.

Според докторот доволни се постоечките мерки во моментов додевајќи:

„Можеби за ранливите категории, постарите лица, препорака да избегнуваат гужви во затворен простор, а ако мораат, тоа да биде краткотрајно и со употреба на маска“ .

Ако не „легнат со импортираниот случај“ нема да оболат од мајмунска сипаница

Во врска со мајмунската сипаница, Пановски посочува дека граѓаните не треба да се оптеретуваат со еден или два случаи во замјите во регионот, појаснувајќи дека оваа болест треба да се препушти на стручните лица, бидејќи тие треба да испитаат „зошто баш сега се проширила надвор од Африка во релативно поголем број“.

-Доволно беше што разбраа дека ако не „легнат со импортираниот случај“ нема да оболат. Колку што јас знам никој надвор од Африка не починал од оваа болест, која инаку многу тешко се шири. Значи, зошто го трошиме времете на оваа ретка болест? Да ја оставиме на стручните лица, за нив е интересна од аспект зошто баш сега се прошири надвор од Африка во релативно поголем број, потенцира микробиологот додавајќи дека треба да се набават мал број на тестови.

-Мислам дека веќе е донесена одлука да се набават. Инаку и да не се набават, примероците би се праќале во некој лабораторија во странство. Лично сметам дека треба да се набави мал број на тестови, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

Пановски: Природниот имунитет е подобар од вакцината…

Микробиологот д-p Никола Пaновски во интервју за…

ЛДП бара Пановски и Даниловски да бидат…

Доктор Никола Пановски и доктор Драган Даниловски…

Пановски без заобиколување: He треба веќе со…

Микробиологот д-р Никола Пановски во дебатниот магазин…

Корона криза на повидок – преку 50.000…

Присуството на Омикрон во земјава не ги…