Среде ручек ја удирале со закачалка, тупаници и клоци: Мајка и син тепале снаа во Гостивар
Мајка и син обвинети за телесна повреда при семејно насилство во Гостивар. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Oбвинителен предлог против две лица кои се товарат за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, мајка и син, при вршење семејно насилство телесно ја повредиле сопругата на обвинетиот, односно снаа на обвинетата.
За време на семејниот ручек на 19 март, мајката и синот ја обвиниле оштетената дека краде предмети од дома и ги носи кај својата мајка, по што физички ја нападнале.
Ја удирале со закачалка и со тупаници и клоци, нанесувајќи и телесни повреди.
Сестрата на обвинетиот успеала да ги оттргне, по што оштетената се заклучила во собата и настанот го пријавила во полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…