Хаос во Струмица! – Извадил пиштол кон вработени во магацин, се обидел да го употреби но не испукал, па се обидел да го репетира повторно
На 17.07.2022 година околу 06.00 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица ги лишиле од слобода С.И. (32) и Р.И. (31) и двајцата од Струмица.
Истиот ден околу 04.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во магацински простор на угостителски објект во Струмица С.И. извадил пиштол кој го вперил кон двајца од вработените и се обидел да го употреби, но истиот не испукал, а при обид да го репетира од страна на други присутни, пиштолот му бил одземен.
На настанот, според пријавеното, му претходело недоразбирање помеѓу Р.И. и дел од вработените, по што Р.И. си заминал од местото и по околу половина час повторно се вратил заедно со С.И,. притоа Р.И. физички нападнал некои од вработените, а С.И. се обидел да го употреби пиштолот.
Од страна на полициски службеници од СВР Струмица на лице место бил пронајден и подигнат неиспукан куршум од пиштолот, а по одземање на пиштолот во рамката од истиот биле пронајдени уште 5 куршуми. Лицата се задржани во Полициска сттаница Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дугин го отпиша Вучиќ: Србите сакаат тој…
По неколкумесечни граѓански протести во Србија, на…
Големи пожари во валандовско и дојранско, побаран…
Два одделни пожари избувнаа денеска попладне во…
Путин разговараше со Макрон: Украинскиот конфликт е…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Лукашенко се закани: Ако Полска сака да…
Полска и балтичките земји се претвораат во…
Иран предупредува против „деструктивниот пристап“ на европските…
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…