Бугарска „Нова“: Бугарин во Скопје обвинет за шпионажа

t

49-годишен Бугарин е приведен и обвинет за шпионажа во Македонија. По 10 часа притвор ја платил кауцијата и му било наредено до 3 часот да ја напушти државата, пренесе бугарска „Нова“.

Николај Диковски живеел 4 години во Македонија. Тој е консултант во областа на туризмот за големи компании. По краткиот престој во Бугарија пред 3 месеци, тој се вратил да ја продолжи работата во Скопје.

„Никогаш немав проблеми во Македонија, се беше нормално. Имам многу пријатели“, вели Николај Диковски.

Екипа на НОВА тајно се сретнала со Николај Диковски, на негово инсистирање, зад Апелациониот суд во Скопје.

„Бев дома, дојдоа двајца полицајци и ноќта од 01:30 до 11:00 часот ме однесоа во Подрачната канцеларија. Ме испрашуваа. Зошто сум ги прескокнал деновите на престој, која е целта на мојот престој и слично“, рече Николај Диковски.

Тензијата кај Николај Диковски избива по 10-те часа поминати во полиција.

„Денеска судот нареди парична гаранција и ако не ја платам оваа гаранција – треба да одам во затвор“, рече Диковски.

Бугаринот сепак собира 1.000 евра и е ослободен. Добил рок до 3 часот да ја напушти Македонија.

Диковски веќе е вратен во Бугарија, а неговите блиски се зачудени од обвинението за шпионажа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ама премирот наш најави бум: Светска банка…

Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…

Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…

Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…

Родители на починатите во пожарот во Кочани…

Родители на починатите во пожарот во клубот…

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…