Објавено на:

Три земји ќе поминат најлошо: Што ќе биде со Европа ако Русија целосно ја запре испораката на гас

t

Доколку Русија целосно го прекине снабдувањето со гас во Европа, БДП во земјите кои се најзависни од рускиот гас ќе падне и за 6 проценти.

Поради ова ќе западнат во рецесија, предупреди ММФ.

Имено, се шпекулира дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да го задржи затворен Северен тек 1 откако ќе истече рокот за рутинско одржување.

Во својата анализа ММФ наведува дека Европа „се уште нема сеопфатен план“ за справување со недостигот на гас, што значи дека цените на енергијата ќе продолжат да растат, а тоа значително ќе влијае на економскиот раст, пренесува Индекс.

ММФ конкретно ги издвои Унгарија, Словачка и Чешка како три земји-членки на ЕУ кои ќе претрпат најлошо влијание во случај Русија всушност целосно да го прекине снабдувањето со гас, но нагласува дека во тој случај Германија, Австрија и Италија исто така ќе претрпат значителна штета на економијата.

Многу други земји веројатно нема да се соочат со такви ограничувања и влијанието врз БДП би било умерено – можеби под 1 процент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…

Како МВР е надлежно да поднесува кривична…

Три градови во БиХ урнаа рекорди –…

Босна и Херцеговина денес беше погодена од…

Рама: Планот за азил во трети земји…

Албанскиот премиер Еди Рама ја критикува политиката…

Претепан и ограбен малолетник во Струга

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39),…

Израел тврди дека врховниот лидер на Иран…

Израел ќе го убиеше врховниот лидер на…