80 години од стрелањето на Н.Вапцаров, А.Попов и А.Романов(2.)
80 години од стрелањето на Н.Вапцаров, А.Попов и А.Романов(2.)
Македонскиот литературен кружок во Софија од 1936/38
Видете бре, браќа, чујте колку е убав нашиот јазик!
Кирил Николов(соработник на А.Попов)
Пред да ви ги претставам моите профили(литератни, револуционерни, поетски) на Никола Вапцаров и Антон Попов, ценам за потребно, дека најпрвин треба да се запознаеме со дејноста на Македонскиот литературен кружок, формиран во Софија, како асоцијација на Македонците, а чии најистакнати претставници се токму Вапцаров и Попов. Овој кружок има големо значење, видно и посебно место и важна улога во поновата македонска историја. Во претставувањето на кружокот, неговата активност и дејците што го оформија, користам материјали од неговите проучувачи, како што се Димитар Митрев, Михаил Сматракалев, Ѓорги Абаџиев, Блаже Ристовски и Гане Тодоровски. Како Македонци должни сме преку историско-националната мисла поконкретно и поцелосно да го истражиме и разјасниме, како историјатот на кружокот, така и неговиот национално-будетелски карактер, проучувајќи ја неговата националноослободителна програма, во контекст на континуитетот на борбата на македонскиот народ за национално освестување, конституирање и создавање на македонската современа литература и афирмирање на македонскиот јазик.
Кружокот е настанат така што најпрвин почнале дружбите на Никола Вапцаров, Антон Панов, Михаил Сматрекалев(Ангел Жаров), Тодор Јанев, Кирил Николов, Коле Неделковски, Васил Александров, Венко Марковски, Ѓорги Абаџиев, Алекси Беломорски(Андон Великов), и др. Тие редовно се состанувале во своите станови во Софија, воделе расправи и дискусии, припремале и поднесувале реферати, правеле рецензии, читале поезија и сл.
Во октомври 1938г. се состанале во станот на Асен Шурвов – Вердов и донеле одлука за оснивање(што всушност е обновување на Македонскиот литературен кружок од Илинден 1936г. основан од приврзаниците на идеологијата на ВМРО – Обединета) на кружокот. Присутни на тој историски состанок биле: Н.Вапцаров(од Банско), А.Попов(од Петричко), М.Сматракалев(од Серес), К.Николов(од Крушево), Т.Јанев(од Штип), Иван керезиев и Антон великов(од неврокопско), А.Шурдов, Ѓорги деспотов, Ѓорги абаџиев и Паскал николов(од Вардатрско) и В.Александров(од Софиско). Малку подоцна во кружокот се примени и Митко Зафировски, Венко Марковски и Коле Неделковски. Со тек на времето во кружокот редовно и активно учествувале и Димитар Митрев(од Охридско), Коста Веселинов и Тодор Шомов(од Пиринско), Атанас Романов(од Кукуш), Ангел Динев(од Гевгелиско) и др.
Во 1941г. Во кружокот се вклучиле и Кочо Рацин и Вилче Наумчески, а при некои јавни настапи учествувал и Блаже Конески. Се забележува дека во Македонскиот литературен кружок во Софија заеднички работеа и имаа исти цели(“Да се создаде македонска по дух и содржина литература“) претставници од сите делови на раскинатата татковина Македонија. Во оваа смисла е и мислата на Антон Попов дека сите овие имиња се обединиле околу еден сижет, околу една тема – Македонија. Според него тој сижет бил една целина желна за длабоко орање, бидејќи може да нахрани цело поколение поети и белетристи од сите краишта на Македонија.
Сите пишани документи(уводниот реферат на Вапцаров при оснивањето, дискусиите, спомените содржани во зборници на самите членови на кружокот), како и усните искази на учесници во кружокот, но и на блиски до нив, ни сведочат дека кружокот за кратко време прераснал во пријателска и политичка група што имаше определени погледи по сите прашања на тогашната актуелна состојба во Македонија(поделеноста, националниот гнет врз народот, странските антимакедонски пропаганди и тешката социјална состојба), Балканот(состојбите во соседните држави) и светот(Окромвриската револуција, Шпанската граѓанска војна и Втората светска војна, фашизмот на Иралија и Бугарија и нацизмот на Германија). Истовремено во кружокот се дискутирало и за уметноста, науката, културата, политиката и состојбата во меѓународното пролетеско движење. Најпрвин се состанувале еднаш неделно, а потоа двапати до трипати, за да на крајот секојдневно биле активни во просториите на кружокот и на терен со луѓето. Така, редовно оделе на кино, во опера, театар, на изложби, на литературни читања, екскурзии по Витоша и Лулин. И што е многу важно, одржувале чести и блиски односи со синот и сопругата на Крсте Мисирков, со Кузман Јосифовски – Питу и студентите-Македонци од Србија, со сопругата на Димо Хаџи Димов и често го посетувале местото каде е убиен Ѓорче Петров, каде што се сликале.
Сето ова ни сведочи дека Македонскиот литературен кружок во Софија е светло поглавје во македонската историја. Кружокот во основа е потребно и смело здружување на млади и напредни луѓе, наполно свесни за својата мисија во идејното, национално-политичкото и културното освестување и оспособување на својот вековно обесправен народ. Сите, од првиот до последниот во кружокот, се покажаа подготвени да остават печат, да дадат свој удел и да реализираат заедничка визија за остварување на заедничкиот идеал – социјална и национална слобода на македонците, во сите делови на Македонија.
Доволно е само да го прочитаме насловот на Рефератот што Вапцаров го прочитал на оснивачкиот состанок на кружокот и се ќе ни биде јасно – “Доклад(реферат) од Никола Иванов Вапацаро за Македонија и задолженијата(обрските) на писателите Македонци кон неа, кои треба да ги следат револуционерните идеи на Гоце Делчев и Јане Санданси“. Ете во еден наслов се задачите, мисијата и визијата на кружокот на Вапацаров, Попов и останатите нивни сомисленици.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…