Гори истокот на Германија, а нема авиони за гасење
Ситуацијата со шумските пожари кои веќе неколку дена горат на истокот на Германија, во покраините Саска и Бранденбург, сѐ уште е напната.
„Пожарот се прошири на повеќе од 800 хектари во округот Елба-Елстер и уште не е под контрола“, соопштија од округот. Во градот Фалкенбург вчера беа евакуирани 600 жители од своите домови на кои им се заканува огнот.
Вчера пожарот се обидоа да го локализираат повеќе од 150 пожарникари, а гасењето го отежнува силниот ветар и екстремно сувото тло. Големи делови од источна Германија, посебно Бранденбург, веќе подолго време се погодени од недостиг на дождови.
Германија не поседува авиони за гасење пожар
Во подрачјето погодено од пожарите постојат голем број ветерници за производство на електрична енергија. Во борбата против пожарите треба да се вклучат и хеликоптери на Бундесверот. Освен во Бранденбург североисточно од Лајпциг и јужно од Берлин, гори и во паркот Саска, Швајцарија на границата со Чешка.
Германија, за разлика од соседните земји, не поседува авиони за гасење пожари. Една од партиите од владејачката коалиција, Либерално-демократската партија (FDP) поради сѐ почестите пожари и сушите во последните години, бара набавка на авиони за гасење пожар.
Земјата мора подобро да се подготви за пожари
„Сушните периоди, како последните недели, со бројни шумски пожари, јасно покажаа дека Германија мора подобро да се подготви за броба против пожарите“, вели потпретседателката на парламентарниот клуб на FDP во Бундестагот, Карина Конрад.
Министерството за внатрешни работи укажа на тоа дека заштитата од природни катастрофи е во надлежност на сојузните покраини кои сами мораат да покренат постапка за набавка на потребните материјали во што сојузната влада може да ги поддржи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…