Објавено на:

Зеленски со навреди: Однесувањето на поранешниот германски канцелар е одвратно

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека однесувањето на Герхард Шредер е одвратно, откако поранешниот германски канцелар отиде во Москва минатата недела и тврдеше дека Русија сака да „преговара за решение за војната”, пишува Гардијан.

Украинскиот претседател го коментираше ова во средата за време на своето ноќно видео обраќање, откако Шредер за германските медиуми изјави дека нема за што да се извинува поради своето пријателство со Владимир Путин.

„Едноставно е дегутантно кога поранешни лидери на големи држави со европски вредности ја поддржуваат Русија, која води војна против истите тие принципи“, рече Зеленски.

Во петчасовното интервју за Стерн и РТЛ, Шредер директно не ги коментираше размислувањата на рускиот лидер. Сепак, тој рече дека по разговорот со Путин смета дека конфликтот со Русија може да се реши, но дека се потребни дополнителни преговори кои треба да ги водат Германија и Франција.

Тој додаде дека Западот треба да покаже поголемо разбирање кон „вистинските стравови на Русија, која се плаши од притисокот на непријателските земји“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…