Европската Унија евакуираше 1.000 пациенти од украински болници
Европската Унија евакуираше 1.000 пациенти од украински болници бидејќи здравствениот систем на земјата е под зголемен притисок поради руската инвазија, јави ДПА.
ЕУ ги зајакнува операциите „за да и помогне на Украина да се справи со зголемените медицински потреби“, изјави денеска европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич.
„Од март, во раните фази на руската инвазија, Унијата ги координираше медицинските трансфери за пациенти од украинските болници до болници во ЕУ“, се вели во соопштението на Комисијата.
Досега 18 земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ги Франција, Германија, Австрија, Шпанија, Португалија, Белгија, Луксембург и Полска ги згрижија 1.000 пациенти, според податоците на Европската комисија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…