Загина мотоциклист на патот Штип-Делчево
Вчера во 19.15 часот пријавено е дека на магистралниот пат Штип – Делчево, кај место викано „Чифлички бунари“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“, со бугарска национална ознака, управуван од С.Х.(50) од Кочани и патничко возило „опел вектра“, со кочански регистарски ознаки, управувано од С.С.(67) од Кочани, информира МВР.
По несреќата возачот на мотоциклот бил пренесен во болницата во Кочани за укажување на лекарска помош, каде им подлегнал на повредите.
Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Големи пожари беснеат кај Прилеп и Новаци
Центарот за управување со кризи информира дека…
Петровска кон Мицкоски: Среќна нова 1949 година!
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на социјалните мрежи…
Маск го повтори своето несогласување со законот…
Американскиот милијардер Илон Маск го повтори своето…
Трамп застана зад Нетанјаху за судењето: „Пуштете…
Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата остро…
Дали ако имало повеќе кислород во кочанската…
Дали доколку имало доволно боци со кислород…