Тетовец пукал на свадба, а сватовите му чувале грб: Полицајците едвај успеале да го приведат 60-годишниот пиштолџија

t

Тетовската полицијата информира дека половина час пред полноќ бил приведен 60-годишник од Седларево поради сомнение дека пукал на свадба и со тоа го нарушил јавниот ред и мир. При приведувањето дел од гостите на свадбата спречувале полициски службеници во работата.

– Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (18 август) околу 23 часот и 30 минути, во тетовско Седларево, го лишиле од слобода 60-годишниот А.А. од ова село, поради сомнение дека претходно на свадбена свеченост организирана од негов соселанец, пукал со огнено оружје и го нарушил јавниот ред и мир. Набрзо, повеќе лица кои присуствувале на свеченоста спречувале полициски службеници во вршење на службените дејствија, по што А.А. бил донесен во Полициската станица Тетово и му бил одземен пиштол „ЦЗ“ со рамка со 6 куршуми калибар 7,65 милиметри, кој го поседувал без дозвола – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според СВР Тетово по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Од СВР Тетово информираат дека 30-годишник од Слатино откако излегол од свадба во селото бил нападнат од соселанец поради нерасчистени односи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…

Ова се најбогатите држави во светот, а…

БДП по глава на жител е груба…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…