Лекарите не успеаа да го спасат животот на младата Теодора: Почина девојката која беше прегазена со автомобил во Тетово
Во Клиничкиот центар во Скопје почина 23-годишната Теодора Р., од тетовско Сараќино која беше тешко повредена како пешак на 15 август околу 22 часот во Тетово.
Таа беше тешко повредена кога во неа удри возило управувано од 49-годишен жител на Голема Речица, а поради сериозноста на повредите беше однесена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
На 15 август несреќата се случи на булеварот „Видое Смилевски-Бато“.
– Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал М.П.(49) од тетовска Голема Речица удрило во 23-годишната Т.Р. (пешак) од тетовско Сараќино. Во несреќата Т.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била пренесена за укажување на лекарска помош – информираше СВР Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагрдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…