Приведени двајца албански државјани поради шверц на 50 кг охридска пастрмка

t

Денеска (19.08.2022) по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал-Струга, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово, кај крстосницата на влез во село Радолишта, струшко, лишени од слобода се С.М.(39) и А.С.(43) двајцата од Р.Албанија.

При извршена контрола во патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 50 кг риба, поточно 81 парче охридска пастрмка и 20 рибарски мрежи во единечна должина од по 100м, кои биле предмет на недозволена трговија од Р.Албанија кон Р.Северна Македонија.

С.М. и А.С. биле приведени во Полициската станица за Граничен надзор Франгово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…