Во Тетово: Србинка паднала од балкон, во станот пронајден кокаин
Србинка паднала од балкон во стан на улица „Јане Сандански“ во Тетово. Настанот се случил вчера, а во полицијата бил пријавен околу 19 часот.
-29-годишната С.Ј. од Република Србија во станот престојувала заедно со О.О.(38) од тетовска Голема Речица. Паднала на покрив од угостителски објект во приземјето на зградата. Таа била пренeсена во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Извршен бил увид од екипа на СВР Тетово, при што во станот биле пронајдени и подигнати остатоци од кокаин и други предмети.
По завршување на увидот О.О. е лишен од слобода и по расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…